Начин на плаќање
Сите плаќања за Planora се обработуваат преку Stripe, што гарантира сигурност и приватност. Преку панелот на Planora, во делот “Претплата” можете да менаџирате со вашите лични информации како и платежни картички и да направите преглед на сите платени фактури кон нас.
Политика за претплати
- Плаќањето е на месечно ниво, според избраниот пакет.
- Претплатата автоматски се обновува, освен ако не ја откажете пред крајот на периодот. Автоматското обновување може да го оневозможите преку панелот за претплати кој се наоѓа во вашиот админ панел на Planora
Политика за враќање на средства
- Нудиме повраток на средства за веќе обработени плаќања доколку процесираната трансакција е во првите 5 дена од претстојниот активен период.
- Ако се соочите со проблем, контактирајте нè на contact@planora.mk за решавање на проблемот.
Откажување на претплата
- Претплатата можете да ја откажете во било кое време преку вашиот админ панел.
- Услугата останува активна до крајот на платениот период кој го пишува на последната фактура